• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

За 6,2 отсто намален бројот на невработени во Македонија

За 6,2 отсто намален бројот на невработени во Македонија

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - За 6,2 проценти е намален бројот на невработени во второто тримесечје од годинава, а за 2,1 процент е зголемен бројот на вработени, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Според статистичките податоци, во второто тримесечје од годинава во Македонија имало 957.471 активно население од кои 755.073 биле вработени, а 202.398 лица невработени. 

Стапката на активност во овој период е 56.9, стапката на вработеност 44.9, додека стапката на невработеност 21.1. бак/12:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ