Бектеши се сретна со финскиот амбасадор Иконен

Бектеши се сретна со финскиот амбасадор Иконен

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) -  Соработката и добрите односи меѓу двете земји, како и мерките што треба да се преземат во наредниот период, со цел да се интензивира соработката во сите области од заемен интерес беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и нерезидентниот амбасадор на Финска во Република Македонија, Питер Иконен.

Амбасадорот Иконен, велат од Министерството за економија, во оваа прилика го информираше министерот Бектеши за интересот на многу финансиски компании да соработуваат со компании од Македонија, со посебен акцент на минералните ресурси, каде што околу 50 луѓе се индиректно ангажирани благодарејќи на професионалната и висока технологија што ја имаат.

Министерот Бектеши беше информиран и за најавениот економски форум кој ќе се одржи на 4 октомври годинава под покровителство на Амбасадата на Финска и Стопанската комора на Македонија на тема „Doing business with Finland“, кој по овој повод беше поканет да има поздравно обраќање, додавајќи дека ваквите форуми се најдобриот начин за препознавање и презентирање на компаниите меѓу себе.

Oд друга страна, го информираше својот соговорник, со растечкиот економски тренд во земјата, растот на индустриското производство, растот на извозот во земјата, што исто така влијаеше и на значителниот раст на бруто-домашниот производ во вториот квартал. вј/скс/14:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ