• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Блок 2 на РЕК Битола ставен во функција по редовниот ремонт

Блок 2 на РЕК Битола ставен во функција по редовниот ремонт

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) - Блок 2 на Термоелектраната „Битола” денеска повторно е ставен во функција, по 47 дена редовен ремонт.

- Во утринските часови, постројката беше синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и ги испорача првите количини електрична енергија по пауза од месец и пол, соопшти АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола. 

По редовниот ремонт на Блок 2 на Термоелектраната Битола, се вели во соопштението, следуваат ремонтни активности на Блок 3 што ќе траат до 15 октомври.

Претходно, во периодот од 10 мај до 25 јули годинава беше направен капитален ремонт на Блок 1 на РЕК Битола. вј/скс/14:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ