• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Дебата за „ГМО, ГМО-Храна И ГМО-храна за исхрана на животни“

Дебата за „ГМО, ГМО-Храна И ГМО-храна за исхрана на животни“

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија во рамките на Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за храна и ветеринарство, ќе одржат трибина на тема „ГМО, ГМО-Храна И ГМО-храна за исхрана на животни“.

На трибината, што ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија ќе се расправа по темите: „ГМО-храната од аспект на легислативата во Република Македонија“; „Легислативата за ГМО-храна за исхрана на животните“ и „Лабораториски испитувања на ГМО-храна“.

Презентери на настанот ќе бидат претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, од Факултетот за земјоделски науки и храна и Институтот за храна при Ветеринарниот факултет. сст/са/07:31

###

 

 

 

 

  

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ