• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Од вечер прекин во водоснабдувањето во Гостивар

Од вечер прекин во водоснабдувањето во Гостивар

Гостивар, 21 јуни 2018 (МИА) - Прекин на водоснабдувањето од вечер во 23 часот до изутрина до седум часот ќе имаат корисниците во Гостивар кои се приклучени на водоводната мрежа, најавија од локалната самоуправа.

Причината за повеќечасовниот прекин како што наведоа во соопштението е дел од активностите на проект за подобрување на снабдувањето со вода за пиење.

- Прекинот е поради испитување на втората алтернативна главна линија кон главниот извор и полнење на новиот базен во село Вруток. Ова е дел подготовките за започнување на работите во рамките на проектот СЕЦО 2 за подобрување на водоснабдителниот систем, се наведува во соопштението на општина Гостивар.

Од локалната самоуправа и ЈП „Комуналец“ побараа разбирање од граѓаните и препорачаа пред прекинот на водоснабдувањето тие да си обезбедат вода и да ги планираат обврските. згм/рп/11:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...