Со донации се реновираат делови од штипската Физикална терапија

Со донации се реновираат делови од штипската Физикална терапија

Штип, 22 јуни 2018 (МИА) - Со помош на донации се подобруваат условите за лекување на пациентите од целиот источен регион во Физикалната терапија, која ги користи лековите води на Кежовица, а е дел од Клиничката болница во Штип.

Директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Ѓеорѓијев изјави дека очекува до крајот на годината да се реши и сопственоста на објектот.

- Луѓе кои имаат желба и финансии ни помагаат одредени делови кои беа најкритични да ги средиме и да заличат малку и да имаат основни услови за престој на луѓето. Работите ќе се движат во добра насока и се надевам дека до крајот на годината ќе успееме да си ја повратиме назад Физикална терапија, а со добри проекти и средства ќе биде многу подобро место за лекување и престој на пациентите, вели Ѓеорѓијев.

Ален ЃеорѓијеСпоред него, недостигот од кадар е хроничен проблем, но овој проблем веќе се решава со ангажирање на шестмина физотерапевти и се очекува до крајот на годината и добивање на согласност за нивно вработување. вдј/рп/15:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ