Прскање против комарци утре во Охрид

Прскање против комарци утре во Охрид

Охрид, 25 јуни 2018 (МИА) - Центарот за јавно здравје Охрид утре ќе спроведе теристичка дезинсекција протви комарци.

Запрашувањето од земја, како што информира општина Охрид, ќе се врши во периодот од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето од селото Подмолје до комплексот Свети Наум, територијата на градот Охрид од река Грашница до Коселска Река.

Од општина Охрид апелираат до пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови, односно ветер или дожд дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден. сс/дма/11:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ