Бесплатен очен преглед за 2.700 млади карпошани

Бесплатен очен преглед за 2.700 млади карпошани

Скопје, 27 јуни 2018 (МИА) - Вкупно 2.700 дечиња во општина Карпош од декември 2017 година до 1-ви јуни годинава се прегледани во рамки на проектот за проверка на видот.

Како што информираат од општина Карпош прегледани беа основците од сите десет училишта, а во подоцнежната фаза и дечињата од сите градинки на територија на локалната самоуправа.

Бесплатните превентивни очни прегледи ги спроведе Lions Club Kale преку проект, во соработка со Lions District 132 Club Македонија и USAID. 

Примарна цел на проектот е да се откријат евентуалните аномалии со слабиот вид кај најмладите уште во рана фаза и во тој случај, да се препорача посета на стручно медицинско лице – офталмолог, за понатамошен третман.

Иницијатор на овој проект е д-р Мики Филев, член на Советот на Општина Карпош.

Локалната самоуправа и во новата учебна година, интензивно ќе работи на зголемување на детската заштита.

- Овозможувањето подобри услови за престој и едукација во воспитно – образовните установи е приоритет на кој се работи преку различни проекти, но и преку соработка со други чинители, кои покажуваат општествена одговорност и грижа за локалната заедница, се наведува во соопштението од општината. дма/скс/10:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Тинејџерка преживеала 49 дена на отворено море пиејќи цедена морска вода

Индонезиска тинејџерка минала 49 дена на отворено ...

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...