Колаборативниот центар на СЗО при Институтот за медицина на трудот одбележува 15 години постоење

Колаборативниот центар на СЗО при Институтот за медицина на трудот одбележува 15 години постоење

Скопје, 27 јуни 2018 (МИА) - Колаборативниот центар на Светската здравствена организација при ЈЗУ Институтот за медицина на трудот на Република Македонија, институција со 47 годишен развој во дејноста на медицината на трудот, одбележува 15 години постоење.

Oд ЈЗУ Институт за медицина на трудот информираат дека утре и задутре предвидуваат активности со презентации на досегашните нивни активности на национално и меѓународно ниво, како и презентации на експертите од Мрежата за здравјето на работниците на Југоисточна Европа во поглед на остварувањето на целите од Глобалниот акциски план за здравјето на работниците 2008-2017 година, но и тематски презентации од поединечните земји од мрежата во поглед на активностите посветени на климатските промени и ефектот врз здравјето на работниците. рп/са/15:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ