• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Крводарителска акција во СВР Куманово

Крводарителска акција во СВР Куманово

Куманово, 28 јуни 2018 (МИА) - Припадниците на Секторот за внатрешни работи Куманово, денеска даруваа крв на втората по ред редовна крводарителска акција која се одржува во просториите на кумановската полиција, а ја организира СВР Куманово, во соработка со општинската организација на Црвениот Крст и Институтот за трансфузиона медицина.

Според одговорните до крајот на акцијата се очекува да бидат дарувани 60 крвни единици.

Секоја година организираме по три крводарителски акции за вработени во СВР Куманово и организиацискии единици што гравитираат на нашето подрачје. Инаку, вообичаено очекуваме да бидат дарувани 60 единици крв, изјави самостојниот инспектор за сообраќај од отсекот за превенција, Марјан Павличек.

Акциите во кумановската полиција се оддржуваат три пати годишно, во февруари, јуни и октомври. ам/сст/13:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ