Министерството за здравство спроведе акција за чистење на Клиничкиот центар

Министерството за здравство спроведе акција за чистење на Клиничкиот центар

Скопје, 30 јуни 2018 (МИА) - Министерството за здравство соопшти дека во соработка со јавните претпријатија на Град Скопје, „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“, денеска спроведе акција за чистење и разубавување на Клиничкиот центар.

Дополнително, како што се наведува во соопштението, во викенд-акцијата со свои работници се приклучија и општина Карпош и општина Гази Баба.

Во акцијата целосно се искосени тревниците, уредени зелените површини и поткастрени дрвјата од страна на ЈП „Паркови и зеленило“. Од страна на работниците во „Комунална хигиена“ - Скопје, општина Карпош и општина Гази Баба, комплетно во целиот комплекс на Клинички Центар се исчистени улиците и се собра ѓубрето.

ЈП „Улици и патишта“ асфалтираа цели кракови и ги пополнија најкритичните дупки на улиците.

Асфалтирање Клинички центар

Министерството за здравство најави дека викенд-акциите ќе продолжат и во следниот период до целосно системско решавање на проблемот со хигиената во Клинички центар „Мајка Тереза“. ев/аа/14:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ