Буџетот за бесплатното болничко лекување ќе изнесува 7,6 милиони евра

Буџетот за бесплатното болничко лекување ќе изнесува 7,6 милиони евра

Прилеп, 3 јули 2018 (МИА) - Буџетот за бесплатното болничко лекување кое, како што најави премиерот Зоран Заев, ќе стартува од 1 јануари 2019 година, ќе изнесува околу 7,6 милиони евра.

- Според досегашните проценки буџетот ќе изнесува околу 7,6 милиони евра. Тоа е партиципацијата која граѓаните ја плаќаат за болничко лекување, односно за останување во болница. Тие пари ќе ги покрие државниот буџет и граѓаните нема да плаќаат за болничко лекување, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Прилеп.

Пролетта, како што рече, донесена е одлука за бесплатно болничко лекување за децата на примателите на социјална помош и за нив, а  се надевам дека од 1 јануари следната година тоа ќе важи за сите. ем/дма/14:01

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ