• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Eдукативни работилници за репродуктивно здравје на жени од рурални подрачја во Кривопаланечко

Eдукативни работилници за репродуктивно здравје на жени од рурални подрачја во Кривопаланечко

Крива Паланка, 4 јули 2018 (МИА) – Работилници за едукација низ дискусија и обуки на тема „Репродуктивно здравје кај жените, значење на редовните гинеколошки прегледи и заштита на репродуктивниот систем“ беа спороведени во четири кривопаланечки села.

Вкупно стотина жени од селата Жидилово, Узем, Огут и Нерав, беа опфатени со работилниците кои ги организира Здружението на жени, земјоделки, сточарки и домаќинки „Агропаланчанка“ во рамки на проектот „Грижи се за сите, но и за себе“, финансиски поддржан од општина Крива Паланка со средства наменети за поддршка на здруженија и фондации од буџетот на општината.

- Работилниците се оддржаа со целните групи во селата и наидоа на голем интерес кај локалното население. Предавањата на лекарот-специјалист, гинеклолог доктор Македонка Наумовска беа насочени кон укажување на последиците од ненавремени и нередовни гинеколошки прегледи како превентива во заштитата на репродуктивните органи кај жената, пред се појавата на малигни заболувања. Работилниците имаа интерактивен карактер, а учесничките се информираа и подетално со оваа проблематика, информираа од „Агропаланчанка“.

Дел од учесничките со ризик-фактори или почувствувани одредени промени и проблеми, направиле примарно испитување со спирометар, како една од методите за дијагностицирање на проблеми со белодробието.

Организаторите посочија дека веќе е договорена и средба на која треба да се систематизираат и анализираат ефектите од одржаните работилници, како и да се изврши евидентирање на жените кои подолго време или воопшто не извршиле гинеколошки прегледи и ПАП тестови, како резултат на лошата материјална состојба и други субјективни причини во насока на нивна финансиска подршка за спроведување на превентивен преглед. ид/рп/13:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ