• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

За шест месеци реализирани 40 отсто од планот за крводарување во Гевгелија

За шест месеци реализирани 40 отсто од планот за крводарување во Гевгелија

Гевгелија, 5 јули 2018 (МИА) - Собраните 60 единици крв во јуни, кога драгоцената течност е најпотребна и најбарана, претставува многу добар резултат на полето на крводарувањето, што е остварено од Црвениот крст од Гевгелија и службата за трансфузија од гевгелиската Општа болница,констатираа надлежните од општинската организација на Црвениот крст во Гевгелија.

- Изминативе шест месеци реализиравме седум крводарителски акции од кои собравме вкупно 332 единици крв, што претставува реализација од околу 40 отсто на годишниот план што се задржа на ланското ниво од 800 единици крв. Неколку акции беа откажани или пролонгирани, но во останатите седум редовни акции до крајот на годината, како и оние што вонредно ги планираме и договараме, очекуваме да се доближиме до зацртаните бројки во најхуманата активност, рече Младен Бундов, секретар на гевгелискиот Црвен крст.

Следната крводарителска акција ќе се одржи во втората половина на јули во Миравци, во рамки на традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал „Тихо 2018“. им/сд/10:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ