• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Штипската болница бара вработување на околу 100 лекари и медицински кадар

Штипската болница бара вработување на околу 100 лекари и медицински кадар

Штип, 6 јули 2018 (МИА) - Штипската Клиничка болница неколку години наназад има недостиг на кадар. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека веќе доставил барање до Министерството за здравство за вработување на 100 лекари, медицински сестри, болничари, технички и медицински кадар.

- На сите одделенија во болницата недостасуваат медицински сестри и болничари, побаравме од министерството вработување на 26 лекари, а додека остантите до 100 се медицински сестри, болничари и друг технички кадар, вели Ѓеорѓијев.

Последен оглас за вработување во болницата имаше лани, кога беше распишан за вработување на две медицински сестри. Во моментов со договор на дело работат околу 60 лица. Инаку штипската Клиничка болница дава здравствени услуги на потенцијални околу 200.000 пациенти од источниот и југоисточниот регион.вдј/скс/16:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...