• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Тешко повреденото бебе во релативно стабилна здравствена состојба (ДПЛ)

Тешко повреденото бебе во релативно стабилна здравствена состојба (ДПЛ)

Скопје, 9 јули 2018 (МИА) - Здравствената состојба на 14 - месечното новороденче, кое на 7 јули е примено со сериозни повреди на главата е релативно стабилизирана, не е на апарати за дишење и сакаме да почнеме и со негово хранење, изјави денеска доктор Маја Мојсова, раководител на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ.

Посочи дека откако било примено бебето направена му е компјутерска томографија, инвестигација со смисла на рендгенски снимки на коски и констатирани се повреди на мозокот, фрактури на черепот и на потколениците.

- Некои од повредите се од старо потекло. Донесено е во коматозна состојба. Направени се сите инвестигации и проследена е терапијата. Доколку во наредните 48 часа има подобрување ќе биде префрлено на Детска хирургија. Веројатно се работи за повреди од човечка природа и било повредувано неколку пати, додаде доктор Мојсова. 

Додаде дека мајката не е со бебето, синоќа го презеле социјалните служби и му е одреден старател со кој комуницираат.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски изјави дека во соработка со другите институции работат на целосно расчистување на случајот и откако ќе биде расчистен ќе ги информираат соодветно обвинителството и јавноста. рп/скс/13:28

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ