• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Потпишан Меморандум за соработка меѓу институтите за јавно здравје на РМ и Италија

Потпишан Меморандум за соработка меѓу институтите за јавно здравје на РМ и Италија

Скопје, 9 јули 2018 (МИА) - Институтот за јавно здравје на Република Македонија потпиша Меморандум за соработка со Институтот за јавно здравје на Италија.

- Потпишувањето на Меморандумот значи почнување нова ера на соработка во областа на јавното здравје и истражувачка работа, врз основа на еднаквост, родова еднаквост, реципроцитет и заемна корист, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје на РМ.

Соработката, како што посочуваат, ќе опфати размена на стручен кадар за студиски посети и истражувања во областите: промоција на здравјето, имунизација, заразни болести, превенција и контрола на незаразните болести, регистри на болести, животна средина и здравјето на луѓето, климатски промени, безбедност на вода и храна, управување со здравствени статистики, со здравствениот систем, исхрана/нарушувања во исхраната, дизајнирање и развој на активности за обука за управување со здравствената заштита и примена на алатки за евалуација, образовни упатства, системи за управување..., заеднички активности за подготовка, примена и учество во истражувачки проекти финансирани од фондовите на ЕУ, дизајн и развој на споделена „виртуелна библиотека“... рп/скс/14:29

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ