Нова опрема и вработувања во битолската Клиничка болница

Нова опрема и вработувања во битолската Клиничка болница

Битола, 10 јули 2018 (МИА) - На Одделението за офталмологија во Клиничката болница во Битола набавен е современ медицински апарат за испитување на задниот сегмент на окото.

Директорот на Медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски, Зоран Лазаров изјави дека станува збор за апарат за оптичка кохерентна томографија, набавен со средства од буџетот на Болницата.

- Апаратот е веќе инсталиран, а од идниот месец ќе биде во функција за клиентите на Одделението за офталмологија. Со апаратот се овозможува ОСТ ангиографија за испитување на задниот сегмент на окото и освен најнов апарат, тој е и прв во јавното здравство во нашата држава. Со набавката на апаратот, пациентите нема да чекаат за лекарски преглед кој се одолжуваше и за три месеци, нема да патуваат во друг град, ниту ќе се изложуваат на високи приватни трошоци, бидејќи лекарскиот преглед и лекувањето ќе се вршат со партиципација и закажување преку „мој термин“, појасни Лазаров.

Освен со нова медицинска апаратура, Клиничката болница во Битола наскоро ќе се зајакне и кадровски со нови 70 нови вработувања.

- Според структурата на потребите од нови вработувањ,а најголем дел се лекари, но и медицински сестри, акушерка, дипломиран фармацевт, радиолошки и фармацевтски техничари, физиотерапевти, инженери по безбедност при работа, болничари, молери и друг неопходно потребен кадар. Со ова крупно ресурно засилување, Клиничката болница ќе ја зголеми ефикасноста во пружањето медицински услуги на високо ниво, вели Лазаров. мт/бак/09:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...