• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Донирани апарати за коронарната единица во болницата во Штип

Донирани апарати за коронарната единица во болницата во Штип

Штип, 11 јули 2018 (МИА) - Во штипската Клиничка болница во коронарната единица денеска во употреба беше предадена донацијата од фирмата „Роби“-Штип, во вредност од 8.500 евра.

Интервентниот кардиолог, Сашко Николов изјави дека станува збор за донација од 10 монитори, кои се користат по коронарната интервенција на пациентите, како и повеќе перфузиони пумпи.

- Овие монитори се од голема важност за нашите пациенти, затоа што сите стентирани пациенти можат да развијат малигна аритмија во текот на хоспитализацијата. Затоа и после интервенцијата ги хоспитализираме пациентите во нашата институција и ги поставуваме на 24-часовен мониторинг на ЕКГ на новите монитори, вели Николов.

Според нрго, со овие нови апарати кои ги доби штипската Клиничка болница го достигнува врвот во македонската кардиологија, а исто така се намалува и листата на чекање на пациентите. Последниот месец, додаде, се направени 80 интервенции, од кои 40 проценти се со акутен миокарден инфаркт, односно итни случаи веднаш внесени во сала.

- Во просек работиме од три до четири селективно закажани пациенти и дополнително се што ќе дојде како акутен инфаркт, веднаш го внесуваме во сала без разлика во кој дел од денот. Реалната бројка на стентирања е од 35 до 40 на месечно ниво, што е просек неколку години наназад, како што работиме со ангеографија во источна Македонија и од 80 до 100 пациенти селективно, вели Николов.

Билјана Арсова од фирмата „Роби“-Штип истакна дека како општествено одговорна компанија години наназад имаат донации во Здравниот дом во Штип, потоа во болниците во Штип, Струмица и во Битола, а со оваа донација повторно се навраќаат на штипската Клиничка болница. 

На ова одделение во болницата во Штип се третираат пациенти од целиот источен и југоисточниот регион во земјата.вдј/вг/14:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ