Филипче: Изминатите шест месеци вработени се 1.100 лица во јавното здравство

Филипче: Изминатите шест месеци вработени се 1.100 лица во јавното здравство

Скопје, 12 јули 2018 (МИА)  - Во изминатите шест месеци околу 1.100 лица се вработени во јавните здравствени установи, најмногу доктори и сестри, а многу малку административни работници. Ќе продолжиме да ги имплементираме сите мерки со цел да ги задржиме младите доктори во државата, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. 

Посочи дека ќе продолжат со зголемување на платите од септември, дополнително и од јануари идната година и ќе ја подобрат едукацијата на начин што ќе соработуваат со странските универзитети.

- За време на мојата посета на Израел беше договорена размена на доктори пред се во сферата на трансплантацијата, но и во сите други сфери на експертиза кои ќе ги одредиме како наши приоритети. Секој месец десет наши доктори ќе можат да заминат во една од најпознатите болници во Тел Авив да се едуцираат во своите струки, да останат колку што сметаат дека е доволно во зависност од нивото на експертиза и после да се вратат на своите работни места. Знам дека е тешко, но сум многу сигурен дека сето ова ќе ги мотивира лекарите да останат во нашата земја, рече Филипче.

Додаде дека планираат дополнителен бран вработувања на кадар за кој во моментот нема финансиски средства, за кои исто така ќе се обезбедат дополнителни средства од буџетот и тоа ќе биде во септември.

- Пред се тука мислам на Здравствен дом Скопје на кој најмногу му недостига кадар за Итната медицинска служба, но и за други сервиси кои ги дава, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за пуштањето во употреба на Кабинетот за клиничка исхрана и за набавката на ендоскопски капсули на Клиниката за гастроентерохепатологија. рп/скс/15:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ