• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Акција за чистење во Клинички Центар, најавено скоро решение на проблемот

Акција за чистење во Клинички Центар, најавено скоро решение на проблемот

Скопје, 13 јули 2018 (МИА) - Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Абдусамед Шабани и заменик-министерот за здравство, Асим Муса денеска најавија многу скоро решавање на проблемот со одржување на хигиената и чистење на дворот на Клинички центар, но не прецизираа дали Центарот ќе го исплати долгот што го има кон ова јавно претпријатие.

- Имавме еден координативен состанок со заменик-министерот за здравство и сите ќе се залагаме да најдеме заеднички јазик за решавање на проблемот со одржувањето на хигиената во дворот на Клинички центар. Со помош и на другите јавни градски претпријатија, во координација и со градоначалникот на Град Скопје ќе најдеме заеднички јазик за решавање на проблемот, рече Шабани.

Тој додаде дека денеска ги посетил своите вработени кои го чистеа дворот, и најави дека акцијата ќе продолжи и утре поради помалата фрекфенција на луѓе и возила. Шабани рече и дека вакви повремени акции ќе има и во иднина, без разлика дали се или не се обврзани, бидејќи, како што потенцира и покрај проблемот совеста не им дозволува да не го чистат Клиничкиот Центар.

Заменик-министерот за здравство само кусо повтори дека очекува многу скоро решение на овој проблем.

Чистење Клинички

- На праг сме на решение на оваа на состојбата. Тие секогаш изразуваат доба волја да ни помогнат и покрај тешкотиите што ги имаат, но, како што рече и директорот на ова претпријатие на праг сме на решавање на актуелниот проблем, истакна Муса.

Покрај акцијата на вработените на ЈП „Комунална  Хигиена“ за претпладнево на клинички треба да дојдат и македонските глумци во обид да помогнат и да покренат јавната свест за одржување на чистотата во дворот на Клиничкиот центар. За денеска е најавена и посета на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на Клиничкиот центар. сст/сд/10:32

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ