Актери го чистеа дворот на Клиничкиот центар во Скопје (видео)

Актери го чистеа дворот на Клиничкиот центар во Скопје (видео)

Скопје, 13 јули 2018 (МИА) - Група актери денеска спроведоа акција за чистење на дворот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје со цел подигнување на свеста на граѓаните и нивната одговорност кон животната средина.

Актерката Сања Арсовска од Драмскиот театар изјави дека сезоната во театрите завршила, имаат слободно време, одлучиле да го искористат корисно и да бидат општествено одговорни.

клиника чистење- Одлучивме да почнеме една летна акција во која секоја недела на различни критични места ќе се појавуваме и ќе го собираме ѓубрето. Целта на оваа иницијатива е да ја потикнеме совеста кај несовесните граѓани и нивната одговорност кон животната средина. Ќе се обидеме да направиме ревизија на тоа што го направила „Комунална хигиена“. Ако завршиме за брзо време ќе се префрлиме на некое друго место, рече Арсовска.

Додаде дека целта не им е да се натпреваруваат со претпријатието „Комунална хигиена“, туку како уметници кои имаат должност да бидат општествено одговорни, целта им е да им укажат на граѓаните да имаат поголема еколошка свест. рп/скс/11:29

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...