Шеесет и три лица даруваа крв по повод Денот на општина Илинден

Шеесет и три лица даруваа крв по повод Денот на општина Илинден

Скопје, 17 јули 2018 (МИА) - Традиционална акција во која досега 63 лица даруваа крв се одржа денеска во Домот на културата, во општина Илинден во пресрет на 2 Август, националниот празник на македонскиот народ и Денот на општината.

Од општината соопштија дека ова е досега најуспешна крводарителска акција во Илинден, а нејзиното значење е уште поголемо затоа што таа се одржува во летниот период кога поголемиот дел од граѓаните се на годишни одмори.

Од Црвениот крст на Република Македонија, во чија организација се реализираше акцијата, велат дека и во оваа по бројот на дарителите и собраните крвни единици рекордна крводарителска акција, жителите на општина Илинден ја покажаа хуманоста и солидарноста на дело, преку дарувањето на крв да спасат нечиј живот. рп/скс/14:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...