• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Се утврдуваат причините за смртта на родилка од Гевгелија

Се утврдуваат причините за смртта на родилка од Гевгелија

Скопје, 19 јули 2018 (МИА) - Министерството за здравство денеска информира дека треба да се почека обдукцискиот наод и да не се шпекулира дека смртта на гевгеличанката Елизабета Савиќ-Динева (31) е поврзана со нејзиното породување и оти станува збор за лекарска грешка. Таа пет дена по породувањето во Општата болница во Гевгелија, на 29 јуни поради епилептични напади од непознато потекло од дома била донесена во Клиничкиот центар во Скопје, каде по две недели починала.

- Таа прво била хоспитализирана на Клиникa за неврологија, каде останала 24 часa. Првично била во добра општа состојба, се хранела нормално, разговарала по што западнала во кома и еден час била ренимирана во Ургентен центар. Веднаш било побарано конзилијарно мислење од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), од каде информираат дека е постапено согласно сите протоколи, направени се сите иследувања, направено е КТ. По две недели во кома починала и телото е предадено на обдукција, стои во соопштението.

Дополнително, посочуваат од Министерството, Државниот здравствен и санитарен инспекторат постапува во рамки на своите надлежности, а со вонреден инспекциски надзор се постапува во Општата болница во Гевгелија и кај матичниот гинеколог. рп/са/13:39

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...