• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во битолската Клиничка болница нова опрема за ортопедска хирургија и трауматологија

Во битолската Клиничка болница нова опрема за ортопедска хирургија и трауматологија

Битола, 20 јули 2018 (МИА) - Клиничка болница-Битола со сопствени средства набави нов борер за операционата сала на одделението за ортопедска хирургија и трауматологија.

Директорот Зоран Лазаров изјави дека новиот медицински апарат ќе го замени досегашниот борер, стар повеќе од 30 години и многупати поправан.

- Новиот електричен борер на фирмата Zimmer е современ, прецизен и лесен за работа, со што се скратува времетраењето на операциите и се подобрува квалитетот на работата. Со набавката на новиот борер која ја извршивме со сопствени средства во иднина со највисок светски стандард ќе бидат изведувани трауматолошките и ортопедските операции, истакна Лазаров.

Клиничката болница-Битола неодамна исто така со средства од сопствениот буџет го опреми очното со најсовремен апарат за оптичка кохерентна томографија. мт/сст/09:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ