• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

„Ахр лаб“ демантира дека учествувала на медицинскиот тендер

„Ахр лаб“ демантира дека учествувала на медицинскиот тендер

Скопје, 23 јули 2018 (МИА) -  „Ахр лаб“ нема поднесено понуда на  тендерот за набавка на тестови и реагенси за биохемиски анализи, соопшти нејзиниот управител Александар Јовановски, реагирајќи на написи во кои се спомнувало името на оваа компанија. 

- Моето име и името на моето семејство, чии компании ги претставуваме, работат во Македонија повеќе од 30 години токму во делот со набавка на медицинска опрема, потрошен материјал, реагенси и слично. Сите што пренесоа лажни информации барам веднаш  да ги отстранат од своите медиуми и јавно да се извинат за искажаните лажни ставови. Во спротивно ќе бидам принуден да поведам правна постапка за заштита на мојот углед и на мојата чест, наведува Јовановски. 

Министерството за здравство денеска соопшти дека ја прекинува тендерската постапка за набавка поради пoстоење неправилности во документацијата на што укажала првичната евалуација. хс/мд/19:31

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ