• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Гостивар се вклучи во кампањата „Македонија ти си сончоглед“ за помош на децата болни од рак

Гостивар се вклучи во кампањата „Македонија ти си сончоглед“ за помош на децата болни од рак

Гостивар, 24 јули 2018 (МИА) - Гостиварската локалната самоуправа се придружи во хуманитарната кампања „Македонија ти си сончоглед“ што ја спроведува Фондацијата „You are sunflower” со која се прибираат средства за помош на децата хоспитализирани на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ги повика граѓаните, а посебно бизнисмените да се приклучат на оваа иницијатива.

- Оваа мисија треба да се поддржи и прошири и на овие деца им се овозможи соодветен медицински третман, рече Таравари, кој во знак на поддршка на кампањата купи неколку маички со слика на сончоглед за општинските службеници.

Претседателот на Фондацијата која ја предводи кампањата, Албана Османи истакна дека е задоволна од текот на кампањата во Македонија и поддршката која ја добила во Гостивар.

- Ги повикувам граѓаните на Гостивар да нарачаат маичка и да придонесат за третманот на овие деца. Вашиот придонес ќе оди 100 проценти за овие деца, рече Османи.

Со купување маичка со слика на сончоглед, која чини 1.230 денари директно се поддржува хуманитарната кампања „Македонија ти си сончоглед“, чија цел е подобрување на условите за лекување на децата заболени од рак. згм/рп/11:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...