• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Баланс МК: Дете со дијабетес се бори за живот

Баланс МК: Дете со дијабетес се бори за живот

Скопје, 24 јули 2018 (МИА) - Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија - Баланс МК денеска соопшти дека во последнава седмица поради погрешно утврдена дијагноза во животозагрозувачка состојба биле доведени четиригодишно дете од Свети Николе, деветгодишно дете од Гевгелија и 14-годишно дете од Охрид, сите со дијабетес тип 1.

Посочуваат дека 14-годишното дете од Охрид е се уште во кома и во тешка здравствена состојба е сместено на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).

Од Асоцијацијата бараат Министерството за здравство во рок од 48 часа да го истражи случајот и сите одговорни за трагедијата со трите деца да бидат соодветно нормативно процесуирани, вклучително и кривично.

Асоцијација Баланс МК

- Трите деца имале дијабетес тип 1, но оние кои што медицински ги третирале едноставно тоа првично не го утврдиле, па ги лекувале така како што ги лекувале. Во моментов четиригодишното и деветгодишното дете се вон животна опасност со претуркани тешки форми на кетоацидози, додека 14-годишното дете од Охрид е се уште во кома и во тешка здравствена состојба сместено е на КАРИЛ, посочуваат од Асоцијацијата.

Од КАРИЛ за МИА изјавија дека 14-годишно девојче со дијабетес тип 1 е донесено кај нив, ставено е на респираторна машина и продолжува нејзиното лекување.

Претседателот на Асоцијацијата, Наташа Д. Димитриевска без да даде поопширно појаснување за трите случаи, во изјава за МИА само истакна дека четиригодишното дете од Свети Николе и деветгодишно дете од Гевгелија се хоспитализирани на Клиниката за детски болести, каде било сместено и 14-годишно дете од Охрид пред да биде пренесено на КАРИЛ.

- Децата се со тип 1 дијабетес. Симтомите требало прво да ги препознаат матичните лекари. Имам информација од Детската клиника, а како се одвивале работите не можеме да знаеме. Четиригодишното дете од Свети Николе и деветгодишно дете од Гевгелија лежат на ендокринологија на Детската клиника. Додека состојбата не им се доведе на стабилно ниво и не ги обучат родителите, ќе бидат на Детска клиника.  За жал дијабетесот се открива така, затоа што докторите не ги препознааат симптомите и кога ќе дојде до кетоацидоза тогаш го препознаваат. Мислам дека дијабетесот им е дијагностициран на Детската клиника, рече Димитриевска. рп/сд/14:50

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...