• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Проширена е листата за бесплатни медицински прегледи за социјално загрозените лица во Кочани

Проширена е листата за бесплатни медицински прегледи за социјално загрозените лица во Кочани

Кочани, 24 јули 2018 (МИА) - Со бесплатни анализи за рано откривање рак на простата и на дебелото црево општина Кочани ја прошири листата на услуги во Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за лицата од социјално ранливите категории.

Се работи за социјална и родово сензитивна мерка за основни систематски прегледи со анализи, како превенција на најчестите канцерогени болести кај жените и кај мажите.

Донесен е правилник и постигнат е договор за соработка со Општата болница со проширена дејност од Кочани, со што се уредени начинот и условите за одобрување на финансиската помош со која социјално загрозените граѓани ќе можат да користат два вида лабораториски услуги: основна контрола и посебни анализи за откривање рак на простата и рак на дебелото црево.

– Оваа мерка е внесена за да создаде можност за превенција од тешките болести кај социјално ранливите групи, но и како родово одговорна мерка од областа на здравствената заштита во која им се дава еднаков пристап до здравствените услуги и на жените и на мажите – соопштуваат од Секторот за општи и правни работи од општина Кочани.

Посебните анализи со тумор-маркери на простата и на дебелото црево се земени според процентот, односно порастот на бројот на заболени во Кочанско од овие тешки болести кај двата пола.

Финансиската помош за анализи и лабораториски услуги за рано откривање болести е во висина од 2.000 денари по барател, а според програмските документи на општината, за овие лабораториски услуги годинава се определени 30 илјади денари. та/рп/14:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...