• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Три деца со дијабет хоспитализирани на Клиниката за детски болести од 17 до 24 јули

Три деца со дијабет хоспитализирани на Клиниката за детски болести од 17 до 24 јули

Скопје, 24 јули 2018 (МИА) - На ЈЗУ Клиника за детски болести во периодот од 17 до 24 јули хоспитализирани се три деца со дијагноза дијабетес, на три, девет и 14-годишна возраст.

Од Клиниката за детски болести информираат дека првиот пациент е примен на 17 јули и станува збор за дете на возраст од три години, кое е упатено од матичен педијатар по направени првични анализи кои укажувале на дијабет. Детето е примено на Одделот за ендокринологија направени се иследувањата и согласно протоколите, дадена е терапија. По неколку дена детето е пратено дома.

- Вториот пациент примен 19 јули, е деветгодишно дете пратено од Општата болница во Гевгелија. Детето било со симтоми на дехидратација и првично било стабилизарано во болницата во Гевгелија, но по влошување на состојбата е пратено на дополнителни иследувања на Клиниката за детски болести. По неколкудневен третман состојбата на детето е подобрена. Пациентот се уште се наоѓа на Одделот за Ендокринологија и е во добра општа состојба, се наведува во соопштението од Клиниката за детски болести.

Третиот пациент на 14-годишна возраст, како што информираат од Клиниката, е примен вчера.

- Тој со возило на Брза помош е транспортиран од болницата во Охрид во тешка состојба. Веќе биле изготвени првични анализи кои укажувале на дијабет. По приемот на Клиниката детето поради возраста (14 години) е упатено на КАРИЛ каде по приемот е интубирано и поставено на апарат за механичка вентилација. Лекарите од оваа Клиника заедно со педијатрите од Одделот за Ендокринологија работат на стабилизација на состојбата на детето. Во моментов се прави се што е утврдено согласно протоколите за работа, се наведува во соопштението.

Во него се посочува дека ова не е прв пат на Клиниката за Детски болести да се примаат пациенти со дијабет кои се во тешка состојба.

- На Одделот за Ендокринологија постојано се лекуваат пациенти со оваа дијагноза и се откриваат нови случаи. Токму поради тоа што се работи за сериозно заболување кое може да даде тешка клиничка слика, Здружението на педијатри од септември планира да спроведе низа обуки и едукации кај матичните лекари за навремено препознавање на раните симптоми на болсета и првичен третман, се наведува во соопштението од Клиниката за детски болести. рп/дма/16:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ