• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Се утврдува дали има пропуст во текот на лекувањето на трите деца со дијабетес

Се утврдува дали има пропуст во текот на лекувањето на трите деца со дијабетес

Скопје, 24 јули 2018 (МИА) - Во тек е процедура во институциите за утврдување дали има пропуст во стручноста во водењето на трите деца со дијабетес тип 1, од Свети Николе, Гевгелија и Охрид, кои во состојба на кетоацидоза се примени во Клиничкиот центар во Скопје.

Ова денеска го изјавија претседателот на Лекарската комора на Македонија Калина Гривчева Старделова и Катарина Ставриќ од Клиниката за детски болести.

- Првото дете од Свети Николе е примено во добра општа состојба и после неколку дена е испишано. Тоа брзо било препозанено и упатено на Клиника. Второто дете од Гевгелија се уште е на Оддел во Детската клиника. Тоа е донесено во состојба на кетоацидоза, брзо е извлечено од таа состојба и е стабилно, рече Ставриќ и додаде дека во тек е процес на едукација на родителите на второто дете за справување со неговата болест негова и изрази надеж дека и тоа брзо ќе биде пуштено дома.

Ставриќ посочи дека третото дете од Охрид е донесено на Клиниката со возило на Итната медицинска помош и поради возраста и сериозноста на состојбата веднаш е упатено на КАРИЛ. 

Таа додаде дека една третина од децата со новооткриен дијабетес доаѓаат на Клиниката во стостојба на кетоацидоза, која е животозагрозувачка состојба.

Претседателот на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија - Баланс МК Наташа Димитриевска рече дека бараат што побрзо да се истражи случајот, бидејќи, според нив, поради погрешно утврдена дијагноза трите деца биле доведени во животозагрозувачка состојба. рп/сст/16:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ