Уште едно дете со дијабетес упатено на Детската клиника

Уште едно дете со дијабетес упатено на Детската клиника

Скопје, 25 јули 2018 (МИА) - Дете на возраст од шест години со возило на Итна медицинска помош од Охрид е упатено на Клиниката за детски болести во Скопје, изјави за МИА директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), д-р Ирина Сотирова Бухова.

- Детето е во многу полесна состојба, свесно, контактибилно, значи не е во тешка клиничка состојба како што беше 14-годишното девојчето на КАРИЛ, рече Сотирова Бухова.

Од Детската клиника потврдија дека очекуваат во секој момент детето да биде донесено кај нив. 

Станува збор за четврти случај на дете со дијабетес донесено на Клиниката за детски болести за само една недела. 

Изминатите денови на Клиниката било донесено 14-годишно дете од Охрид во тешка здравствена состојба, кое потоа е упатено на КАРИЛ, а биле примени и деветгодишно од Гевгелија и тригодишно дете од Свети Николе кое сега е пуштено дома. рп/са/15:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ