• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Дете од Охрид со дијабетес тип 1 примено на Детската клиника и е во стабилна состојба

Дете од Охрид со дијабетес тип 1 примено на Детската клиника и е во стабилна состојба

Скопје, 25 јули 2018 (МИА) – Дете од Охрид со дијабетес тип 1 е примено попладнево на Клиниката за детски болести, стабилно е и не е во животозагрозувачка состојба, изјави за МИА ендокринологот Марина Крстевска Константинова од Клиниката за детски болести.

Таа рече дека станува збор за дете на возраст од девет години на кое кога го примиле резултатот од измерениот шеќер во крвта му бил 14.

- Ќе го ставиме на инсулинска терапија која мора да ја прима. Од Општата болница во Охрид беше препратено. Таму му бил утврден дијабетес. Сите деца со дијабетес тип 1 се препраќаат на Детската клиника за да им се одреди терапија и начин на исхрана и да се едуцираат родителите за терапијата која мора да ја прима детето, рече Крстевска Константинова и додаде дека зависно од состојбата најчесто на Клиниката остануваат една недела. 

Станува збор за четврти случај на дете со дијабетес донесено на Клиниката за детски болести за само една недела. рп/сд/16:00

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...