• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Поради реновирање, привремено преместени амбулантите и шалтерот на ЈЗУ УК за хематологија

Поради реновирање, привремено преместени амбулантите и шалтерот на ЈЗУ УК за хематологија

Скопје, 26 јули 2018 (МИА) - Поради изведување градежни активности за обнова на постоечките простории, амбулантите и шалтерот на ЈЗУ УК за хематологија времено ќе бидат преместени.

Од 1 август 2018 натаму амбулантите и шалтерот на Клиниката за хематологија ќе работат во амбулантскиот дел на Клиниката за дерматологија во рамките на Интерната зграда, поточно на поранешниот „Машки оддел“.

Сите контакти, телефонски броеви и електронски адреси остануваат непроменети. По завршувањето на градежните работи, пациентите навремено ќе бидат известени за повторното ставање во употреба на постојните просторни капацитети, информираат од ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија.дма/са/11:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...