• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Светски ден на борба против хепатитис: Потребна национална стратегија и годишно задолжително тестирање

Светски ден на борба против хепатитис: Потребна национална стратегија и годишно задолжително тестирање

Прилеп, 28 јули 2018 (МИА) - Здружението на лица заболени од болести на црниот дроб - СЛАП со седиште во Прилеп, денеска, на Светскиот ден за борба против хепатитисот - 28 Јули, бара задолжително годишно тестирање и национална стратегија за заболените од ова вирусно, подмолно заболување.

Според Билјана Мирческа, претседател на Здружението СЛАП најголем проблем се незнаењето за заболувањето и отсуството на задолжително тестирање. Тоа предизвикува да не се знае потребната квота з алекување, ниоту пак да имаме статистички податоци.

- Во светски рамки, а и во Македонија едно од 3 лица е изложено на хепатитис, без да знае. Тешко се открива, може да тлее со години. Вирусното заболување хепатитис е подмолно и тешко се обезбедуваат статистички податоци. Ако рано се открие, целосно се лекува, во спротивно го напаѓа црниот дроб и предизвикува рак. Светските податоци велат дека 15 пати има повеќе заболени од хепатитис, отколку од ХИВ-СИДА. Според  официјалните податоци од Институтот за Јавно здравје, во Макеоднија, во 2015-та имало 148 новоинфицирани и регистриани. Најмногу во Скопје, потоа во Струмица и во Прилеп. Незнаењето за болеста и нетестирањето доведуваат да не може да се одреди и квотата за целосното лекување, па некои чекаат со години. Затоа бараме да се донесе националната стратегија, која се подготвува, но во неа да се вклучат сите медицински асоцијации. Освен тоа, бараме тестирањето за хепатитис да влезе во годишните задолжителни систематски прегледи. Само така ќе знаеме колкав е бројот на заболени, колкава квота лекарста да се одреди и успешно да се лекува, вели Мирческа.

За доктор Македонка Зероска, специјалист по семејна медицина од Прилеп бројот се зголемува, но и поради задолжителните тестирања што се прават кога младите се иселуваат од земјава.

- Практиката покажува дека сме во рамките на светските статистики. Зголемениот број на заболувања, можеби дел се должи на задолжителните тестирања на младите кои заминуваат од земјава, па треба да им стои во пасошот. А токму тестирањата е начинот за борба против хепатитисот, без разлика дали е Б или Ц, вели Зероска.

Едно тестирање за хепатитис чини 350 денари. Стратегијата на светската организација е ова вирусно заболување да се искорени до 2030 година.ем/лв/08:03

###



 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...