Апаратот за мамографија во Штипската клиничка болница повеќе од една година не работи

Апаратот за мамографија во Штипската клиничка болница повеќе од една година не работи

Штип, 30 јули 2018 (МИА) - Во Клиничката болница во Штип повеќе од една година не работи апаратот за мамографија. 

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека делот кој е потребен за поправка е порачан од октомври минатата година.

- Во тек е набавка на делот кој недостига. Има еден единствен овластен сервисер за тој апарат. Меѓутоа за мене од нејасни и неразбирливи причини, сервисерот се уште го нема набавено делот, кој треба да го вгради, за мамографот да се стави во функција, посочи Ѓеорѓијев.

Пациентите од општините Штип и Карбинци прегледите на дојката ги прават во Свети Николе, или закажуваат прегледи приватно во Кочани. Овој компјутерски мамограф е релативно нов, а во болницата е инсталиран во 2015 година. вдј/рп/13:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...