• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Крводарителска акција во Дебар, собрани 33 крвни единици

Крводарителска акција во Дебар, собрани 33 крвни единици

Дебар, 30 јули 2018 (МИА) - Општинската организација на Црвениот крст во Дебар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, денеска ја спроведе четвртата крводарителска акција годинава.

Секретарот на Црвениот крст-Дебар, Исни Телќиу истакна дека Дебрани и при денешниот престој на екипата на Институтот потврдиле дека ги карактеризира голема хуманост.

- За да ја даруваат нивната драгоцена течност што живот значи се пријавија четириесеттина лица, а крв даруваа 33 лица. Повеќето се млади лица, што посебно радува, бидејќи младите стануват се посвесни за значењето на течноста што живот значи, рече Телќиу.

За годинава планирано било да се спроведат единаесет редовни и две вонредни акции, но, нагласи, во договор со надлежните кои потврдуваат дека има доволно крвни единици, бројот на акциите во Дебар ќе биде помал. 

Од почетокот на годинава досега се собрани околу 300 крвни единици.

Дебар е меѓу најхуманите општини кога станува збор за крводарувањето. Редовно годишниот план не само што целосно се исполнува, туку се прибираат и до 60 крвни едници повеќе од планираните. вт/рп/15:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...