• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Филипче: Сто вработувања во ЗД Скопје, недостига кадар во ИМП и во амбулантите

Филипче: Сто вработувања во ЗД Скопје, недостига кадар во ИМП и во амбулантите

Скопје, 1 август 2018 (МИА) - Побаравме 100 вработувања во ЈУ Здравствен дом Скопје, таа одлука помина на Влада и ќе продолжиме да работиме за да обезбедиме финансиските средства и со ФЗОМ и Министерството за финансии. Здравствениот дом Скопје е соочен со сериозен ризик во давањето медицински услуги, затоа што недостигаат 110, 120 вработени - доктори и останат медицински персонал. Оваа служба мораме да ја зајакнеме. 

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Детската болница Козле. Тој рече дека недостига кадар и во Службата за Итна медицинска помош (ИМП), во специјалистичко консултативните амбуланти и во превентивата посебно во стоматолошката.

- ИМП располага со седум возила, што е премалку за населението на територија на градот Скопје. Недостигаат и возила за ИМП, затоа очекуваме да започне набавката на нови возила за ИМП, а капацитетот најмалку би се дуплирал. Потребни се возила и за други здравствени домови во државата, потенцира Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Нагласи дека планираат дополнување на кадарот со нови вработувања и заедно со ФЗОМ работат на пресметка за тоа какви финански импликации ќе има зголемувањето на платите на лекарите специјалисти, а во таа пресметка овие колеги не се иземени. рп/са/15:41

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ