• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Медицинска компликација причина за смртта на родилка во КБ Штип

Медицинска компликација причина за смртта на родилка во КБ Штип

Скопје, 1 август 2018 (МИА) - Завршен е извештајот за случајот со родилката која во јуни почина во Клиничката болница во Штип и пред два дена беше доставен до Министерството за здравство од страна на формираната Комисија. Според наодот на Комисијата запазени се сите процедури согласно практиките на добро лекување и станува збор за жал за медицинска компликација, истакна денеска ресорниот министер Венко Филипче.

Тој посочи дека покрај сите преземени соодветни медицински мерки и аплицирани постапки од препораките за третирање на такви компликации за жал немало успех.

- Станува збор за компликација која предизвикува крварење при кое за жал лековите не можат да делуваат и да направат контракција на матката и на тој начин да се запре крварењето. Постојат и други постапки кои следат после тоа, кои се преземени, но не дале резултат, нагласи Филипче.

Во врска со случајот со родилката во Гевгелија, рече дека треба да се заврши увидот во документите, да се сретнат членовите на Комисијата, да го заземат нивниот став, па потоа тие ќе излезат со став. рп/сд/15:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...