• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

ФЗОМ: Од 1 септември капитацискиот поен за избраните гинеколози ќе биде 55 денари

ФЗОМ: Од 1 септември капитацискиот поен за избраните гинеколози ќе биде 55 денари

Скопје, 1 август 2018 (МИА) - Фондот за здравствено осигурување на Македонија на последната седница на Управниот одбор донесе одлука од 1 септември да ја зголеми вредноста на капитациски поен за избраните гинеколози од 50 на 55 денари за секоја осигуреничка која извршила избор.

Од ФЗОМ соопштија дека одлуката ја донеле по разговорите и преговорите со Здружението на приватните гинеколози акушери на Македонија (ЗПГАМ), а во насока на повисоко вреднување на трудот на избраните гинеколози и зголемување на квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица. 

ФЗОМ, како што се наведува, исто така, го зголеми финансискиот надоместок за избраните гинеколози кои вршат породување во породилиштата во здравствените домови во Република Македонија, а со цел обезбедување навремена здравствена заштита на бремените жени во местата каде нема гинеколошко - акушерски одделенија во болничките здравствени установи.

Со цел унапредување на статусот на избраните гинеколози во примарната здравствена заштита и потребата од нивно поголемо ангажирање за намалување на смртноста на новороденчињата и родилките, Фондот го дополни Правилникот за начинот на плаќање на здравствените услуги во примарна здравствена заштита при што за првпат, се воведува вреднување на обезбедените здравствени услуги за бремени жени од избраниот гинеколог. Имено, основната капитација за гинеколозите кои следат бремена жена ќе се пресметува со тоа што ќе се множи со два поени, односно гинеколозите кои следат бремена жена ќе добиваат двојна вредност од капитацијата.

Ваквиот начин на пресметување на капитацијата за бремените жени ќе се применува за времетраење на бременоста, односно до завршување на породувањето, но не повеќе од девет месеци, посочуваат од ФЗОМ. рп/дма/16:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...