• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Во Кривопаланечко собрани 46 единици крв

Во Кривопаланечко собрани 46 единици крв

Крива Паланка, 3 август 2018 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден Општинската организација на Црвениот крст - Крива Паланка организираше две крводарителски акции во кои беа собрани 46 единици крв.

Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен Крст, Крива Паланка, информира дека двете акции се традиционални и се одржуваат по повод Илинден на две локации во Крива Паланка и Ранковце, каде се организираат и двата најголеми народни собири на овој ден.

На акцијата во кривопаланечкото село Трново кај старото школо, собрани се 20 крвни единици, додека на акцијата во село Петралица, општина Ранковце, одѕивот бил поголем и собрани се 26 единици крв.

Двете акции се први овој месец, а планирано е во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје, да се реализира уште една крводарителска акција, на 28 август, во манастирот Св.Јоаким Осоговски, по повод празникот Голема Богородица и чествувањето на патронот на манастирот. ид/рп/10:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ