• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Четириесет верници од Кумановско се вакцинирале пред заминување на аџилак

Четириесет верници од Кумановско се вакцинирале пред заминување на аџилак

Куманово, 6 август 2018 (МИА) - Привршува вакцинирањето против менингит на верниците во кумановскиот Центар за јавно здравје на верниците кои годинава ќе заминат на аџилак во Саудиска Арабија.

Според податоците на Центарот, досега вакцинирани се 40 лица од регионот што го покрива оваа јавна здравствена установа. Годинава македонските аџии во Саудиска Арабија ќе патуваат само со авион.

Имено, верниците, пред да заминат задолжително одат на превентивни прегледи во центрите за јавно здравје.

- Верниците ги вакциниравме со четиривалентна вакцина против менингит, изјави епидемиологот Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово.

По враќање во земјата, аџиите ќе бидат под засилен епидемиолошки надзор, при што ќе се следи нивната здравствена состојба. ам/рп/12:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ