Нема присуство на вирус на западнонилска треска кај двата сомнителни случаи (ДПЛ) (видео)

Нема присуство на вирус на западнонилска треска кај двата сомнителни случаи (ДПЛ) (видео)

Скопје, 9 август 2018 (МИА) - Резултатите од испитувањата во лабораторијата на Институтот за јавно здравје покажаа дека двете лица (дете и жена) немаат вирус на западнонилска треска.

Ова денеска го истакна доктор Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје на Република Македонија. 

Овие испитувања во лабораторијата на Институтот следат откако при претходно направени анализи постоеше сомневање за можна инфекција кај овие две лица. 

- Во последните две недели веќе имаме брз и значителен пораст на бројот на заболени. Во Грција бројот на заболени е 50, во Италија над 50, во Унгарија и Романија има потврдени случаи на западнонилска треска. Во соседна Србија има над 70 заболени и пет смртни случаи, рече Кузмановска и потенцира дека единствената заштита е заштитата од убоди од комарци. 

Таа препорача да не се излегува надвор во време кога комарците се најактивни, да се носи заштитна облека, да се користат средства за заштита од комарци, да се стават мрежи на прозорците и вратите за да се спречи влегување на комарците во домовите, во дворовите да не се држи застојана вода...

Додаде дека претстои трета фаза на дезинсекција на ларвицидни форми, а во тек е прскање против возрасни комарци. Според неа, најдоцна во март треба да се направи првата ларвицидна дезинсекција. рп/сд/15:56

###

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ