• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош во Велес

Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош во Велес

Велес, 10 август 2018 (МИА) - Наглото зголемување на темпаратурите и топлотниот бран, неделава го зголеми и бројот на пациенти на повик во Итната медицинска помош во Велес.

Како што информира за МИА д-р Василка Пановска бројот на пациенти на повик, дневно варира од 20 до 30, а дополнително се зголемува од оние што самите доаѓаат на преглед во амбулантата.

Таа појаснува дека пациенти во нивната амбуланта има и дење и ноќе, од кои има и повозрасни лица а и деца.

-Најчесто пациентите се жалат на висок крвен притисок, има и со зголемена телесна темпретаура, а многу ретко за проливи и повраќање. За среќа нема пациенти со труење од храна, информира Пановска.

Таа им препорачува на пациентите со хронични болести да ја примаат редовно пропишаната терапија и да не се движат на сонце од 10 до 17 часот, да носат светла облека и заштитни капи и наочари. Пожелно е, вели таа, да се консумира повеќе вода и свежо овошје и зеленчук. ад/бк/14:29

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ