Министерство за здравство: Нема да дозволиме недостиг од инсулин

Министерство за здравство: Нема да дозволиме недостиг од инсулин

Скопје, 10 август 2018 (МИА) - Јавната набавка на инсулин ќе биде распишана на почеток на следната недела и завршени се сите претходни подготвителни работи, информираат од Министерството за здравство. 

Посочуваат дека инсулинот, кој е со рок на траење до 30 септември 2018, веќе е потрошен во јули или го има во многу мали залихи во неколку инсулински аптеки.

- Пациентите се снабдени со инсулин во рок. Пациените се снабдуваат со инсулин со количина која се троши во рок од 26 до 30 дена. Од 15 август веќе се обезбедени и ќе се дистрибуираат инсулини „Новорапид“ со рок на траење повеќе од 12 месеци, потенцираат од Министерството и додаваат дека ги следат потребите на населението и нема да дозволат недостиг од инсулин. рп/хс/16:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...