• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Во Македонија не се регистрирани заболени од западнонилска треска

Во Македонија не се регистрирани заболени од западнонилска треска

Скопје, 11 август 2018 (МИА) -  Нема регистриран случај на западнонилска треска во Македонија. Институтот за јавно здравје на Република Македонија располага со сите потребни дијагностички процедури, експертиза, реагенси и се што е потребно за дијагностика и конфирмација на ова заболување.

Ова денеска го изјавија д-р Илир Демири, член на Комисијата за заразни болести и д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог од Институтот за јавно здравје.

- На Клиниката за инфективни болести нема пациенти хоспитализирани со западнонилска треска. И при амбулантските прегледи не е регистриан болен. Инфекцијата најчесто поминува без појава на симптоми и потешкотии. Дури 80 проценти од инфекциите со овој вирус кај човекот се без симптоми, а преостанатиот процент најчесто се манифестира преку благи форми, со симптоми слични на грип, кои поминуваат за три до шест дена, рече Демири.

Додаде дека многу ретко ова заболување знае да даде потешка форма која се манифестира со менингит, енцефалит... и тие болни се предмет на инвестигација и хоспитализација на Клиниката за инфективни болести. Според него, превенцијата би била да се минимизира можноста од каснување од комарци.

Д-р Кузмановска истакна дека во почетната фаза на заболувањето симптомите се главоболка, висока температура, треска, малаксаност и дека потребно е да поминат неколку дена за да се издеференцира сликата.

- До овој момент нема регистриран случај на западнонилска треска и покрај тоа што во соседството има вакви случаи и се зголемува нивниот број. Во април се почнати првите лавицидни прскања односно уништување на ларвите на комарците. Меѓутоа, опасноста е секогаш реална со оглед на тоа што комарците не можете да ги затворите и тие не се концентрирани на едно место. Само еден отсто од сите кои на некој начин ќе бидат инфицирани со вирусот на западнонилска треска ќе развијат тешки форми, истакна Кузмановска. рп/скс/13:59

###

   

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ