МЗ: Работиме согласно потребите на пациентите и нема да дозволиме недостиг од инсулин

МЗ: Работиме согласно потребите на пациентите и нема да дозволиме недостиг од инсулин

Скопје, 11 август 2018 (МИА) - Министерството за здравство соопшти дека работат согласно потребите на пациентите и нема да дозволат недостиг од инсулин. 

Во врска со тендерот за инсулин, од Министерството за здравство ги демантираат дезинформациите за недостиг на залихи и негрижа кон пациенти. 

Имено, тендерот ќе биде распишан на почетокот на следната недела, додека сите подготвителни процеси за истиот се веќе завршени, а целата постапка е навремена и соодветно испланирана. Инсулинот, кој е со рок на траење до 30 септември 2018 година е потрошен во месец јули или го има во мали залихи во неколку инсулински аптеки. Пациените се снабдуваат со инсулин со количина која се троши во рок од триесетина дена. Инсулинот е безбеден за користење на пациентите до соодветниот рок, иако според распределбата со која се врши инсулинот, тој би требало да е веќе потрошен пред истекот на рокот, стои во соопштението. 

Од 15 август 2018 година, како што се наведува, веќе се обезбедени и ќе се дистрибуираат инсулини „Новорапид“ со рок на траење повеќе од 12 месеци.

Министерството за здравство се грижи пациентите во континуитет да се снабдуваат со инсулин во соодветни рокови, воедно и ги работи плановите за распределба врз основа на потребите на населението. Дезинформациите во кои се инсинуираат можно трошење на залихите, создаваат паники во јавноста и се многу штетни по здравјето на пациентите, кои се на инсулинска терапија. Министерството за здравство стои како и секогаш на располагање за обезбедување точни и проверени информации, кои се од интерес на јавноста и пациентите, а се поврзани со нашата работа, стои во соопштението. рп/скс/13:44

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ