• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Филипче: Лекарите и сестрите од септември добиваат пет отсто повисока плата (видео)

Филипче: Лекарите и сестрите од септември добиваат пет отсто повисока плата (видео)

Скопје, 23 август 2018 (МИА) – Од септември годинава платите на здравствените работници ќе бидат зголемени за пет отсто, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Како што рече Филипче на прес-конференција во Владата, основицата за пресметка на платата ќе се зголеми од 12.654 на 13.286 денари.

За оваа мерка со која ќе бидат опфатени 19.123 здравствени работници во јавните установи, се обезбедени 469 милиони денари годишно или 39,1 милиони месечно.

- Со оваа мерка што Владата ја вети и веќе ја реализира, уште еднаш покажува иницијатива за задржување на здравствените работници во земјава, истакна министерот.

Одговорајќи на новинарски прашања, Филипче потенцира дека сите специјализанти, вклучувајќи ги и оние кои запишале специјализација во март годинава, ќе ги добијат предвидените надоместоци. Тој не прецизира дали исплатата ќе биде во август или септември, но потврди дека сите специјализанти ќе ги добијат парите.

Во врска со вчерашниот смртен случај на девојчето Ева Крстановска, Филипче рече дека сите процедури биле запазени. мч/сд/13:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Се вљубил на прв поглед, му го дала бројот, а потоа му го украле телефонот

Британецот Ден Милингтон на Ибица запознал девојка...

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...