• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Синдикатот на клинички центри не го прифаќа зголемувањето на основната плата од пет отсто

Синдикатот на клинички центри не го прифаќа зголемувањето на основната плата од пет отсто

Скопје, 23 август 2018 (МИА) - За да се оствари програмата на Владата 2017-2020 година за „двојно зголемување на основните плати на сите здравствени работници и платите на докторите специјалисти во терциерното здравство кои скалесто ќе се зголемуваат и ќе изнесуваат минимум 100.000 денари, односно 1.600 евра до 2020 година“, во наредните две години основната плата на доктор специјалист од терциерно здравство би требало да се покачи за 146 проценти, а на медицинска сестра со средна стручна спрема 91 отсто, реагира денеска Синдикатот на клинички центри.

Синдикатот ја поддржува одлуката на Владата за покачување на вредноста на бодот за најниската плата за најнизок степен на сложеност од 13.286 денари, но не го прифаќа зголемувањето на основната плата во здравството од пет отсто за 2018 година.

Според Синдикатот, со пет проценти покачување сегашната основна плата на доктор специјалист од терциерно здравство од 38.827 денари би изнесувала 40.767 денари, односно би се зголемила за 1.940 денари, а за медицинска сестра со средна стручна спрема со сегашна основна плата од 18.027 денари би изнесувала 18.927 денари или би се зголемила за 900 денари. 

- Со оваа динамика и вакво „скалесто покачување“ останува нејасно како ќе се спроведе програмата на Владата што Синдикатот на клинички центри во целост ја поддржува. Доколку е така планирано, би било единствено покачување на основната плата на здравствените работници во периодот од 2017 година до крајот на 2018 година, велат од Синдикатот.  

За Синдикатот се неприфатливи и пресметки кои вклучуваат додатоци на плата какви што се дежурствата во толкување на остварување на Програмата на Владата 2017-2020 година која се однесува исклучиво на покачување на основната плата. мч/ сд/14:58

###

          

            

      

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ