• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Дваесет и четири крвни единици собрани во крводарителска акција во Кавадарци

Дваесет и четири крвни единици собрани во крводарителска акција во Кавадарци

Кавадарци, 23 август 2018 (МИА) - Дваесет и четири крвни единици беа собрани во денешната редовна  крводарителска акција, која се реализираше во Домот на културата „Иван Мазов Климе” во Кавадарци.

-Во акцијата учествуваа сите оние кои се чувствуваат здраво и ја покажаа својата хуманост со тоа што даруваа крв. Акцијата беше во организација на Црвениот крст Кавадарци и Републичкиот Институт за трансфузија - Скопје, појасни Димитар Каракулев, претседател на Општинската организација на Црвен крст, која ги опфаќа општините Кавадарци и Росоман. 

Тој информираше дека годишниот план за крводарување е 1.184 крвни единици, а секоја година ги натфрлуваат плановите и реализираат по околу 1.600 крводарувања. Годинава, досега се собрани околу илјада крводарувања. свд/бк/17:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...